Породување за Гинис: Мајка роди бебе за само 27 секунди

од Vladimir Zorba

Софи Баг (29) може да влезе во Гинисовата книга на рекорди бидејќи нејзиното раѓање траеше само 27 секунди.

Според „Сан“, Софи била дома кога почувствувала болки, но сметала дека тоа е нормално затоа што и се приближувал терминот за породување. Болките не запирале и Софи тогаш сфатила дека нејзиното девојче ќе дојде на овој свет. Бидејќи немало време да стигне до болницата, таа морала да се породи дома, но не очекувала дека ќе биде толку брзо и лесно.

– Чувствував лесни болки тој ден, но не мислев дека ќе се породам. Не ми пукна ниту воденикот и не чувствував болки во стомакот. Повикавме брза помош и тие ми рекоа дека ќе морам да се породам дома. Легнав на подот и само едно посилно стискање беше доволно за да излезе мојата Мили – рекла мајката.

Но, ова не е прв пат Софи да се соочува со брзо раѓање. Раѓањето на нејзиното првородено девојче Пејџ траело 12 минути, додека нејзината помлада сестра се родила по 26 минути.

– Во еден момент само му пишував порака на пријател, а во друг момент веќе го држев моето девојче во раце. Буквално само едно стискање беше доволно. Ова сигурно е рекорд, беше толку брзо и неочекувано – додаде Софи.

Слични содржини