Портокалов снег ја покри источна Европа

од desk2
95 прегледи

Песок од песочната бура во Сахара го направи снегот во источниот дел од Европа да стане портокалов и да ги претвори во Марс земјите како Романија, Украина и Русија.

Необичните сцени се предизвикани од мешавина од песок, прашина и полен одвеани од песочните бури во северна Африка. Метеоролозите велат дека овој феномен се случува еднаш на секои пет години.

Како што песокот, со помош на силниот ветер, се подига кон горните делови од атмосферата, се пренесува насекаде. Сателитите од NASA покажуваат огромно количество песок и прашина како лебдат во атмосферата и се распрскуваат над Медитеранот.

https://instagram.com/p/BgslmE2gPo_/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_profile_upsell_control

Скијачи и сноубордери објавуваа слики од портокаловиот снег во текот на целиот вчерашен ден на социјалните мрежи како Instagram и Twitter.

Иако ова не е првпат да се случи Европа да биде покриена со портокалов (или пак обоен) снег, сепак за првпат снегот предизвика толкава возбуда на социјалните мрежи и беше споделуван за повеќе луѓе да видат како изгледа Европа маскирана во Марс.