Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сега се однесува како „руски агент“ и ја фаворизира Москва во војната против Украина.
Зборувајќи на Летниот универзитет на Социјалдемократската партија (PSD) посветен на обука на млади лидери, Соуза зборуваше за меѓународната ситуација и современите предизвици, објави CNN Portugal.
На панел-дискусија насловена како „Одговори од претседателот“, Соуза го посочи американскиот претседател како пример за нов стил на политичко лидерство, „поемоционален и фокусиран на директен контакт со граѓаните, без посредништво, во свет каде што рамнотежата на моќта се промени“.