Посебен режим на сообраќај во Скопје поради митингот на „Вреди“

од Nikola Popovski
131 прегледи

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради одржување на митинг, денеска во 20.30 часот на плоштадот „Скендер бег“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Како што е познато, вечерва на споменатото место митинг ќе одржи коалицијата „Вреди“. Оттаму обвинија дека скопската градоначалничка, Данела Арсовска, не им дозволила да го организираат централниот митинг на плоштадот „Македонија“.

Од „Вреди“ тврдат дека тоа е сторено поради страв од, како што велат, народната поддршка што ја има коалицијата.

Слични содржини