Поштенските служби од целиот свет сопираат со достава до САД

од desk2
14 прегледи

Поштенските служби од цела Европа, Азија и Тихоокеанскиот Регион, ги сопираат сите достави на пакети за САД, во очекување од петок, 29 август, да влезат во сила новите правила за поштенските услуги, јавија светските новински агенции.

Администрацијата на Доналд Трамп вчера објави дека од 29 август престанува да важи исклучокот „de minimis“ за безцарински увоз во САД на меѓународни пратки со стојност над 800 долари, што дотогаш ќе овозможува испраќање пратки во САД со минимални царински процедури и незадолженост со плаќање царини на САД за стоки до вредност од 800 долари.

Со новите одредби, за секој пакет ќе се плаќа царина во вредност помеѓу 80 и 200 долари.

Од новите правила се исклучени писмата и малите пакети со вредност до 100 долари, декларирани како „подароци“.

Според американските царински органи, во 2024 година, биле испратени над 1,36 милијарди пакети, што содржеле стоки со вредност од 64,6 милијарди долари.