535
Пандемијата од коронавирусот има и некои неочекувани последици. Улиците и каналите во Венеција се празни, а водата во каналите стана поптполно бистра.
Во водата дури се гледаат и ситни риби како пливаат.
Во пристаништето во Каглиари бил снимен и делфин.
Италијанскиот туризам доби тежок удар поради пандемијата, но оние кои излегле на воздух на социјалните мрежи споделиле снимки и фотографии од делфини, лебеди и патки.
Бистрата вода во каналите на Венеција е последица на тоа што нема луѓе и движење, поради која талогот на дното постојано се крева на површината.
„Помала заматеност на водата сепак не значи дкеа таа е чиста“, објаснил директорот на Здружението за управување со истражувачки активности во Венеција, Пиерпаоло Кампострини.