Заврши снимањето на последната, осма сезона од популарната ТВ-серија „Game of Thrones“ што ќе има шест епизоди, соопштија ѕвездите на серијата на социјалните мрежи.

Продукцијата траеше повеќе од девет месеци, а филмаџиите успеаја содржината на завршните епизоди да ја задржат во тајност.
– Никој не го доби сценариото на хартија. На сите ни беше испратено во дигитална верзија на апликација, при што по читањето, документот сам се брише. Репликите ги добивавме ден пред снимањето, а по 24 часа, тие исчезнуваа, раскажува глумицата Софи Тарнер која во серијата ја толкува Санса Старк.
Таа вели дека на сцената им било забрането фотографирање и дека сите морале да носат налепници на камерите од мобилните, а серијата и учесниците во снимањето имале и кодни имиња. Кодното име на серијата било Face of Angels, откри Тарнер.

Премиерата на последните шест епизоди од сагата е најавена за во 2019 година.
Ѕвездите емотивно ја пренесоа веста за последната клапа на планетарно популарната серија:
https://instagram.com/p/BkIyu5XFCUx/?utm_source=ig_embed
https://instagram.com/p/Bk7fHbnA7Cy/?utm_source=ig_embed