Последната четвртина кобна за Македонија против Италија

289 прегледи

Репрезентацијата на Македонија денес одигра добар натпреар против Италија на квалификацискиот турнир во Перм.

Од самиот старт ние сме рамноправен противник на Италијанците, а во еден момент од полувремето имавме и плус 7. По тие плус седум следуваше пад во нашата игра па Италија дојде на минус два (32:34).

Но, по тој момент одново момците на Александар Тородоров презентираа добра игра и на нешто повеќе од една минути до крајот на полувреме водевме со 35:43. Тука следуваа две тројки на Италијанците со што се вратија на минус 2.

Така на полувреме заминавме со предност од 41:43.

Најефикасен во нашите редови е Ненад Димитријевиќ кој за едно полувреме постигна 19 поени, а подели и уште три асистенции.

Треба да споменеме дека Италија на овој натпревар игра без најдобрите затоа што тие имаат обезбедено пласман на ЕП.

И во вториот дел работитте не се променија многу гледавме изедначена кошарка во најголемиот дел од мечот. Италијанците најголема предност ја направија во последната четвртина кога успеаа да дојдат до серија од 9:0. Колку беше изедначен натпреварот најдобро говори податокот што во цел меч ниту ние, ниту Италијанците немавме двоцифрена предност.

На крајот иако одигравме добар натпревар моравме да се помириме со поразот. Во самата завршница Италија беше подобриот тим, а нашата ефикасност во нападот опадна. На 2 минути и 18 секунди до крајот Италија ги имаше највисоките во овој меч плус седум (88:81).

Италија на крајот го доби натпреварот со 92:84.

Димитријевиќ кај нас не беше толку ефикасен како во првиот дел во кој постигна 19 поени, во овој дел додаде само уште пет. Сепак, дојде до 12 асистенции. Џејкоб Вајли постигна 17 поени, Војдан Стојановски 13, Бојан Трајковски 11

Слични содржини