Последната немирна ноќ во Германија: Во Хамбург е како по војна (Галерија)

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Има 290  приведени  во трите дена на немири во Хамбург за време на самитот на Г-20.

Ранети се 213 претставници на полицијата. Нема информации колку демонстранти се повредени, дополнува Франс прес. Иако самитот заврши вчера, за трите  последователни ноќи во градот имаше судири меѓу демонстранти и полицајци, пренесе Франс прес.

Демонстрантите се собраа во соседството Шанцен, сметан за локален бастион на радикална левица. Наоружан со шишиња, тие нападнаа и запалија автомобили. Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите. “Угледот на Германија во очите на меѓународната заедница сериозно ќе настрада поради настаните во Хамбург”, забележува Зигмар Габриел и додава дека насилството не треба да остане неказнето.

Според зборовите на германскиот министер за надворешни работи немирите во Хамбург за време на средбата на Г-20 имаат   негативно влијание на угледот на Германија пред светот. Ова мислење тој го  изрази во публикација во германскиот. “Билд ам Зонтаг”. Габриел вели дека оние кои го предизвикале ова насилство, немаат ништо заедничко со левата идеологија и нејзините мотиви, туку едноставно се дојдени од цела Европа во Хамбург, за да вршат насилство.

 

Зигмар Габриел изразува надеж дека ќе има соработка меѓу Берлин и неговите меѓународни партнери во борбата против левичарските радикали

Во  немирите во Хамбург во четвртокот и петокот и петок спроти сабота настрадаа над 200 членови на силите на редот и уапсени се над 60 екстремисти.

“Неопходно е привремен да се создаде паневропското група за истрага на овие злосторства. Демократските и правни држави мора да докажат дека се способни да ги заштитат себе “, додава тој. 

ГАлерија од судирите: