Постизборни калкулации- Каква влада!

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Без оглед на бројот тенденциите на ова поделено општество, работоте движат во позитивна насока, и се повеќе и погласни се граѓанските организации наспроти помалите политички партии кои се обезличуваат со ваквиот изборен  систем, и она што е битно меѓуетничокото „плашило“ повеќе не ги плаши Албанците, а остана алатка  и страв само за политичките профитери , примитивците и необразованите  од македонскиот блок,  кои се собраа околу таквата политика на Никола Груевски
И покрај исчекувањата на резултатите од ДИК сепак  течки комбинации за досегашните партнери од власта , ВМРО- ДПМНЕ  и ДУИ. Скоро целосно е невозможно формирање влада на старите коалиционери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ едногласни се во проценките повеќето експерти и политички аналитичари.
Соговорниците на ТВ 24 вести велат дека Дури и во случај да добие понуда од Никола Груевски, Али Ахмети поради неколку причини ќе мора да одбие. И Ѓулистана Марковска по вчерашното обраќање на Груевски оцени дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ е свесен дека не може да формира влада.
Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ не успее да формира влада и го врати мандатот ниту СДСМ ќе има можност да состави нов владин кабинет, вели професорот Дујовски. Во тој случај оценува тој најверојатна опција е влада на широка коалиција, која ќе ги подготви следните избори кои треба да се случат многу скоро.
Ова е многу тежок период за ДУИ, која доколку не ја сфати пораката од својот електорат, можно е да ја загуби целосно довербата од нив.
Вчера Ахмети во обраќањето рече дека иако ДУИ ги добила изборите, тој е лут  затоа што Албанците изгубија мандати во парламентот.Тоа е пирова победа, во која гласовите се загубени и оридоа во СДСМ.
Политичките аналитичари прогнозираат дека ке има многу комбинаторики, но  независно од бројките,  ова е сепак пораз за ВМРО ДПМНЕ кој од 61 пратеник се симна на 51 цели 10 пратеника помалку, а СДСМ рипна и со гласачи и со пратенички места.
Без оглед на бројот тенденциите на ова поделено општество, работоте движат во позитивна насока, и се повеќе и погласни се граѓанските организации наспроти помалите политички партии кои се обезличуваат со ваквиот изборен  систем, и она што е битно меѓуетничокото „плашило“ повеќе не ги плаши Албанците, а остана алатка  и страв само за политичките профитери , примитивците и необразованите  од македонскиот блок,  кои се собраа околу таквата политика на Никола Груевски.