
Од централата на Honda официјално беше потврдена информацијата за горивната ефикасност и содржината на CO2 во издувните гасови за двата нови типа мотори од гамтата Civic и Jazz – односно за 1,6 i-DTEC и 1.5 i-VTEC.
Дизел верзија на Civic импресионира со податоци од 3,5 l / 100 km при NEDC тест (од европскиот лабораториски метод). Значителни подобрувања кај 1.6 i-DTEC моторот со максимална моќност од 120 КС. намалувањето на триењето во цилиндрите доведува до одлична комбинација на динамика и економичност.
Honda Jazz 2018 со новиот i-VTEC бензински мотор со максимална моќност од 130 КС. одговара на побарувачката за помоќни и економични агрегати од клиентите. Моторот комбинира одлична динамика со мала потрошувачка на гориво и строго ги исполнува стандардите за емисија на Euro 6.
Во комбинација со CVT автоматскиот менувач троши 5.4 l / 100 km и ослободува 124 g / km CO2. Менувачот исто така е повторно наместен за да обезбеди побрзо забрзување.