Постои веројатност Велика Британија да се повлече од преговорите за Брекзит

од Vladimir Zorba
73 прегледи
Цврстата и “абсолутистична” позиција на Тереза Меј ги  “закла ” можностите на министерот за Брекзит на Велика Британија Дејвид Дејвис за водењето на нормални преговори со БриселОва изјави The Guardian Џејмс Чепмен, кој ја напушти функцијата помошник на Дејвис.

 

Flags of the United Kingdom and the European Union.Brexit concept.

Според Чепмен  Тереза Меј донела апсолутни позиции по одредени прашања, кои бараат продлабочена  дебата.

Според зборовите на Чепмен Тереза ​​Меј се обидела да ги привлече избирачите на “Британската партија на независноста” (UKIP) и да ги намали стравувањата кои ги  потиснуваат луѓето на Островот. Наместо тоа, таа добила јасен сигнал дека дел од овие луѓе веќе не сакаат да ги  напуштат рамките на ЕУ.

  Ова  го покажува и истражувањето на Лондонската школа за економија и политички науки, според кое 6 од 10 жители на Островот сакаат да ги задржат европското државјанство и да можат слободно да патуваат, живеат, работат и учат во рамките на ЕУ. Според резултатите , 80% од жителите на Лондон исто  се за  оваа теза.

Претходно денеска The guardian информира дека висок извор од опкружувањето на Меј ги предупредил бизнис круговите дека постои можноста Британија да се откаже од преговорите за Brexit . Тоа било предизвикано од трошоците по излегувањето на Велика Британија, кои изнесувале  100 милијарди евра . Потсетуваме дека Меј категорично изјави дека оваа сума нема да биде исплатена.

Потсетуваме дека  завчера, 1 јули, во центарот Лондон се собраа илјадници демонстранти кои бараа оставка на премиерот Тереза Меј . Демонстрантите се изјаснија против владата и економската политика на земјата.

https://twitter.com/olimould/status/881131158179913729