Потерата во Сплит заврши, избеганиот убиец е фатен (видео)

од Nikola Popovski
163 прегледи

Хрватската полиција го уапсила осуденикот, кој избега со лисици, по потерата која траеше со часови. Станува збор за Бранимир Чалета, чие судење започнало во окружниот суд во Сплит за убиство на една бремена Украинка.

Чалета ѝ избегал на полицијата кога го одвеле од судот до службеното комбе што требало да го врати назад во затворот во Билице. Судските полицајци истрелале два предупредувачки куршуми во воздух, пишуваат хрватските медиуми.

Потрагата по осомничениот убиец траела неколку часа, а беа мобилизирани сите полициски сили на Сплит и околните места. Во неа биле вклучени и сите полициски кучиња на сплитската полиција. Полицијата ги контролирала и сите излези од градот.

Слични содржини