Потпишана спогодба помеѓу АД ЕСМ и Синдикалната организација на Државните електрани

Денес спогодба за продолжување на важноста на колективниот договор за период од две години, потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и претседателот на Синдикалната организација на Државните електрани, Јове Смилевски.

Оваа спогодба инаку, се однесува на Колективниот договор на друштвото потпишан во декември 2018. година.

Двете страни изразиле задоволство по потпишувањето во однос на квалитетот на социјалниот дијалог кој континуирано се одвива во АД ЕСМ.

„Менаџментот на компанијата и синдикалните претставници на вработените потенцираа дека отворената и искрена комуникација меѓу двете страни ќе продолжи и во иднина, со цел понатамошно подобрување на условите за работа на вработените во најголемата енергетска компанија во земјава, како и заштита на нивните права“, се стои во соопштението на АД ЕСМ.

Слични содржини