Епицентарот бил регистриран во Тихиот Океан

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени по Рихтер беше регистриран во Тихиот Океан.
Епицентарот е на 194 километри од канадскиот остров Ванкувер (провинција Британска Колумбија). Ова го соопшти геофизички институт на САД, цитиран од ТАСС. Огништето на потресот бил на длабочина од 10 километри.
Нема информации за повредени или причинета материјална штета.
Вчера вечерта во истиот регион имаше земјотрес со интензитет од 5,1.