Потврдено: Меган Маркл и принцот Хари очекуваат бебе

од desk2
84 прегледи

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл очекуваат бебе на пролет во 2019 година, а тоа го потврди и Кенсингтонската палата.

„Нивните височества, војводата и војвотката од Сасекс со радост ве извесуваат дека војвотката од Сасекс е бремена и дека очекува бебе во пролет 2019 година“, пишува во соопштението.

„Двојката е пресреќна што може со светот да ја сподели оваа радосна вест“, се додава.

Среќните вести се потврдени само неколку часа откако кралската двојка стигна од Сиднеј во рамки на нивната интернационална турнеја.

Како што пренесува британски Експрес, Меган среќните вести ги поделила со кралицата и кралкото семејство во петокот на венчавката на принцезата Јуџин.