Потврдено: Трета жртва од коронавирусот во Италија

од Nikola Popovski

Почина третата жртва како резултат на инфекција со коронавирус во северна Италија, соопштија официјалните лица.

Градските власти решија да ги откажат сите случки во Венеција, вклучително и преостанатите и најважни денови на карневалот, за да спречат ширење на смртоносниот вирус. Поради брзото зголемување на бројот на заразени со коронавирус, италијанската влада донесе одлука да го блокира пристапот до градовите и општините каде е најмногу погодена во регионите на Ломбардија и Венето, јавуваат италијанските медиуми.

Третата жртва од коронавирусот е постара жена од градот Крем, источно од Милано, која боледува од карцином, пренесува Ројтерс. Уште две постари лица починаа во северна Италија од коронарен вирус во последните 48 часа.

Слични содржини