Повеќе автомобили отколку демонстранти на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на градот

од Nikola Popovski

Денеска продолжија блокадите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во земјава кои се, според нив, против евентуален лош компромис меѓу Македонија и Бугарија и продажба на идентитетот.

Впечатокот е сепак дека овие блокади не се поддржани од граѓаните, за што сведочат бројните фотографии од раскрсниците во Скопје.

Блокади денеска имаше кај „Мавровка“, во центарот на Скопје, од 15 до 17 часот, блокирана е и раскрсницата кај старата Градска болница и Собранието, како и таа кај зградата на поранешното НИП „Нова Македонија“.

„Додека Мицкоски измислува непостоечки проблеми за да си ја здржи фотелјата во белиот дворец, СДСМ, Владата и парламентарното мнозинство остануваат посветени на реформите што носат развој, што носат напредок во интеграцијата кон ЕУ“, реагираат и денеска од владејачката СДСМ на блокадите.

Слични содржини