Повеќе од 11.000 здравствени работници заразени во Италија: Бројката на починати се искачи на 80

од Nikola Popovski
207 прегледи

Во последните 24 часа во Италија починале уште двајца лекари, со што вкупниот број на починати лекари достигнал 8.

Според најновите податоци од Високиот институт за здравство (ИС), заразени се вкупно 11.2252 здравствени работници.

Најмладиот починат доктор имал 46 години, а најстариот 90 години. Меѓу жртвите имало многу кои одговориле на повикот за цивилна заштита и, иако во пензија, се вратиле во службата.

Една од причините за смртта на лекарите е што тие не биле доволно заштитени во раните фази на епидемијата и дека честопати биле принудени да интервенираат дури и со голи раце.

Националната федерација на здруженија на медицински сестри објави драматичен број на инфекции кај медицинските сестри. Досега 25 починале за време на епидемијата, а бројот на заразени лица достигнал 5500, 1500 повеќе од пред шест дена.

Според портпаролот на Федерацијата, Тонин Ацети: „Професионалците остануваат посветени на пациентот, многу работaт и во смени од 12 часа, а работата со заразените лица ги зголемува шансите за инфекција“.

Слични содржини