Повеќе од 132 милиони лица заболеле од корона!

од Stefanija Kuzmanovska

До денес, повеќе од 132 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирусот, покажуваат податоците на американската страница worldometers.info.

Речиси 2,87 милиони пациенти починале од ковид-19, а повеќе од 106,4 милиони луѓе се опоравиле.

Има 22,9 милиони активни случаи, од кои 22,8 милиони (99,6 проценти) се во лесна, а 98.000 се во тешка состојба (0,4 проценти).

Најмногу смртни случаи има САД – повеќе од 568.000, следени од Бразил со 331.000, а трет е Мексико со 204.000.

Слични содржини