Повеќе од 15 милиони случаи на коронавирус пријавени во Европа

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Повеќе од 15 милиони случаи на коронавирус се официјално регистрирани во Европа откако вирусот пристигна на континентот на почетокот на 2020 година, пренесува агенцијата Франс Прес врз основа на податоците на здравствените власти до вечерва.

Сепак, се чини дека ширењето на вирусот забави во повеќето европски земји. Во регионот на Европа, во последните седум дена во просек се забележани околу 265.000 нови случаи на инфекција дневно, што е пад од девет проценти во споредба со претходната недела.

Педесет и две земји во регионот претставуваат најтешко погодена зона во светот според бројот на случаи на инфекција, пред Латинска Америка и Карибите, со 12,1 милиони случаи и Азија со 11,5 милиони случаи.

Вкупно 55 милиони лица заразени со Ковид-19 се потврдени во светот од почетокот на пандемијата на крајот на минатата година во Кина.

Слични содржини