Повеќе од 200.000 луѓе ставени во карантин во една каталонска област

од Vladimir Zorba

Поради загрижувачкото зголемување на бројот на заразени со коронавирус, во една област од шпанскиот регион Каталонија, од денес е на сила ограничување на движењето.

Ова е прв ваков случај во Шпанија, откако на 21 јуни се укина вонредната состојба во таа земја поради пандемијата „Ковид 19“.

Одлуката на каталонските регионални власти се однесува на Сегрија, област со повеќе од 200.000 жители во која се наоѓа градот Леида, а ограничувањето на движењето стапи на сила на пладне, додека на локалното население ќе им биде дозволено да излегуваат во областа до 16 часот попладне, според АП.

Според извештајот на здравствените власти, во изминатите 24 часа, бројот на новозаразени лица во таа област достигна 60, што значи дека вкупниот број случаи надминува 4.000.

Слични содржини