108
Повеќе од 46.000 новозаразени со коронавирусот се регистрирани во САД во претходните 24 часа, објави синоќа универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Како резултат, вкупниот број заразени лица во САД се зголеми на 4,7 милиони луѓе, што е далеку највисоко во светот и над 155.000 смртни случаи. Во претходните 24 часа загинаа 532 лица.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека вирусот „се повлекува“ во некои жаришта на југот и западниот дел на земјата и дека може да се видат многу охрабрувачки знаци.
Меѓутоа, претходниот ден, специјалниот советник на Белата куќа, Дебора Беркс оцени дека САД влегуваат во „нова фаза“ на епидемијата на коронавирусот.