Повеќе од 5 милиони заразени во Европа

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Повеќе од 5 милиони луѓе се заразени со коронавирусот во Европа, според податоците утрово на агенцијата Франс прес, кои ги собра од официјални извори. До денес, во Европа во 11:00 часот по Гринич регистрирани се 5.000.421 заразено лице и 227.130 смртни случаи од коронавирус.

Русија е европска земја со најголем број заразени – 1.122.241 и 19.799 смртни случаи.

Следат Шпанија со 682.267 заразени и 30.904 мртви, Франција со 502.541 заразени и 31.416 мртви и Велика Британија со 403.551 заразени и 41.825 мртви.

Во последните седум дена се регистрирани 380.000 нови случаи на заразени, најмногу од избувнувањето на пандемијата.

Податоците за бројот на заразени лица не даваат вистинска слика за обемот на пандемијата затоа што некои земји тестираат само сериозно болни, а некои немаат доволно ресурси за пошироки кампањи за тестирање.

Слични содржини