ПОВЕЌЕ ОД 700 ЗАГИНАТИ: Официјалните лица стравуваат од повеќе жртви од земјотресот на Хаити

од Vladimir Zorba

Официјални лица од Хаити соопштија дека досега е потврдена смртта на најмалку 724 луѓе кои загинаа во земјотресот што ја погоди оваа карипска земја во саботата.

Епицентарот на овој страшен земјотрес, со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала, бил на 12 километри од градот Сен-Луј де Суд, потврди Американскиот геолошки завод (USGS).

Земјотресот се почувствува и во густо населениот главен град на Хаити, Порт-о-Пренс, оддалечен 125 километри, но и во некои блиски земји.

Згради, цркви, училишта се меѓу оние згради кои се срамнети со земја.

Болниците се преплавени со повредени луѓе. Досега, 2.800 лица се наведени како повредени, додека бројот на исчезнати не е познат.

Претседателот на земјата воведе вонредна состојба.

Овој остров веќе беше „срамнет со земја“ во земјотресот во 2010 година. Тогаш загинаа повеќе од 100.000 луѓе, иако има и такви кои тврдат дека починале дури 200.000.

Слични содржини