Повеќе од 422 активни пожари во Канада: Пристигнува помош однадвор

од Stefanija Kuzmanovska

Канадската провинција Квебек се надева дека дождот и помошта однадвор би можеле да помогнат во борбата против повеќето од 100 шумски пожари што произведуваат обрачи чад што ги задушуваат градовите на брегот на Атлантикот.

Официјални лица од покраината наведуваат дека до понеделник ќе има околу 1.200 пожарникари, вклучително и повеќе од 100 од Франција, кои ќе се борат со пожарите во шумската провинција со само 8,5 милиони жители, која зафаќа површина поголема од Германија, Шпанија и Франција заедно.

„Се предвидува малку дожд… и во следните неколку дена постои ризик ситуацијата да остане критична. Но доаѓањето на француските пожарникари навистина ќе помогне“, изјави министерката за шумарство Мајт Бланшет Везина.

До синоќа низ цела Канада имаше 422 активни пожари, од кои 125 во Квебек. Канадските шумски пожари редовно се случуваат во потоплите летни месеци, но обемот на сегашните пожари – и нивното толку рано појавување – е досега незабележано.

Федералниот метеоролог Џералд Ченг вчера изјави дека врнежите се очекуваат во Квебек во текот на викендот, но додаде дека „останува да се види дали тој дожд … е доволен за гаснење на пожарите“.

Слични содржини