Повеќето луѓе ја напуштија болницата Ал Шифа, спротивставени верзии за наредената евакуација

од Vladimir Zorba

Здравствените власти во Газа соопштија дека многу пациенти, медицински персонал и раселени лица денеска ја напуштија најголемата болница во Газа, Ал Шифа, во која израелските сили влегоа на почетокот на оваа недела. Палестинските власти и израелската војска објавија спротивставени верзии за тоа што го предизвикало масовниот егзодус од Ал Шифа, пренесе АП.

Додека здравствените работници во Газа тврдат дека израелските одбранбени сили (ИДФ) наредиле евакуација во рок од еден час, ИДФ го негира ова, наведувајќи дека тие обезбедувале безбеден премин само за оние кои сакаат да се евакуираат. Според претходните информации, во болницата имало неколку илјади луѓе, меѓу кои и пациенти во тешка состојба.

Докторот Ахмед Мохалалати на социјалните мрежи објави дека во болницата останале околу 120 пациенти кои не можат да ја напуштат, како и неколку од нив на интензивна нега и неколку бебиња на неонатологија.

Слични содржини