Повредена жена, возило удрило во неа додека возела велосипед

од Берта Китинска
233 прегледи

На 17.05.2022 во 14,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Призренска” во Скопје, возило „рено” управувано од С.М. (71) од Скопје, удрило во велосипедистка С.Г.(50) од Скопје. Жената била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски” каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини