Двајца возачи и сопатник се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 27 сообраќајки во текот на викендот во Скопје. Во 13 сообраќајки со полесни повреди се здобиле 13 лица, а во 12 била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Седумдесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 18 возачи поминале на крстосница на црвено светло, седум возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување и 17 возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.
Од сообраќај биле исклучени вкупно 44 возачи, од кои 15 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 23 возачи пред да се стекнат со право на управување и шест возачи почетници, како и 25 нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и 20 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.
Затекнати биле 210 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 125 возила