Синоќа во 02:15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Мушев гроб- Кавадарци патничко моторно возило „голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.Р. од Неготино излетало од коловоз.

Во незгодата, 17- годишна сопатничка од Кавадарци се здобила со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци..

Слични содржини