Повторно одложено рочиштето за тужбата против Богоевски

од desk2

На денешното рочиште по тужбата од лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговиот сопартиец Муса Џафери против екс разузнавачот Слободан Богоевски требаше да сведочи нотарот пред кого Богоевски ја дал спорната изјава која за тужителите е клеветничка.

Нотарот, Сашо Клисаровски како и адвокатот се повикаа на забраната за изнесување информации од заверената изјава на Богоевски односно дека не смеат да изнесуваат во јавност детали поврзани со изјавата на Боегоевски пред Њујоршкиот суд.

Одбраната на Богоевски и денеска реагираше зошто Основниот суд Скопје 2 се уште се нема произнесено околу спорната надлежност на Судот за овој предмет. Следното рочиште е закажано за на 5 септември./24 Вести

Слични содржини