Повторно поништен гол на Роналдо, фудбалерот револтиран (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Репрезентацијата на Португалија го совлада Луксембург како гостин со 3: 1 во квалификациите за Светското првенство во групата А.

Еден од стрелците беше Кристијано Роналдо, за чиј непризнат, чист гол во Белград сè уште се дебатира. Роналдо ја ублажи тагата со голот во Луксембург, но ниту за време на овој натпревар не беше задоволен од одредени судиски одлуки.

На напаѓачот на Јувентус му беше поништен гол од очигледен офсајд, но изразот на лицето јасно покажа дека Кристијано мисли поинаку.

Разумот често не може да го „надигра“ егоизмот кај Роналдо, а ваквото однесување веќе стана „лична карта“ на португалската sвезда.

Слични содржини