Повторно се носат партиски луѓе на ВМРО ДПМНЕ со автобуси на протест пред ДИК- Има и ќумбиња и дрва !

од Vladimir Zorba
81 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со притисок врз работата на Државната изборна комисија. Сега  и со палење огнови пред ДИК.

На стотината граѓани се очекува да им се придружат лица кои организирано се носат. Од повеќе градови пристигнуваат автобуси во Скопје, а потоа членовите на ВМРО-ДПМНЕ се движат кон Државната изборна комисија.

Се товарат луѓе од Охрид, Велес и Штип и веќе доаѓаа кон Скопје. Со комбиња веќе се донесени симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров и други скопски општини, јави А1 он.

Пред ДИК се истовараат и камиони со дрва и  импровизирани  ќумбиња  од буриња, за да не им смрзнат партиските луѓе на ВМРО ДПМНЕ. Тоа ќе биде импознатна глетка сега кога ќе се стемни. Не е познато дали градоначлникот Коце Трајановски ќе донесе и противпожарни екипи, и колку тоа ќе придонесе за дополнително загадувањето на веќе  загадениот град.

Слични содржини