Повторно висок број на починати, Филипче со апел: Со вакцините, побрзо ќе ја надминеме пандемијата

од Берта Китинска
425 прегледи

Денеска беше забележан висок број на заразени и на починати лица од ковид 19.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил уште еднаш укажа на придобивките од вакцинацијата.
-Сега е време да придонесеме за побрзо надминување на пандемијата со коронавирусот. Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет. Пријави се за вакцинација денес, напиша Филипче.

Секој кој сака да се вакцинира може да се пријави на vakcinacija.mk.
Денеска се вакцинираа воспитувачките учителките во градинките. Од другата недела ќе се вакцинираат вработените во правосудството, медиумите, инспекциските служби и вработените на патарините.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.157, бројката на оздравени пациенти е 115.433, на починати е 4.182, а бројот на активни случаи изнесува 21.542.