Пожар избувна утрово во регионалната болница Семашко во градот Рјазан во западна Русија, а три лица го загубија животот поради труење со јаглерод моноксид.
Министерството за вонредни ситуации соопшти дека осум лица се повредени во пожарот.
Во извештајот на ТАСС се наведува дека пожарот избувнал на одделот за интензивна нега, како и дека жртвите биле пациенти кои биле лекувани од тешка форма на ковид.