Пожар во куќа во Тетово, пронајдени шишиња со бензин, сопственикот се сомнева во внукот

од desk4

Вчера било пријавено дека на 01/02.02.2018 година во времето од 17.00 до 10.00 часот во Тетово на ул.“108“ во куќата на Н.А.(62), од засега неутврдени причина избувнал пожар. Од пожарот најпрвин се запалиле креветот и тепихот поставени во ходникот, а делумно била изгорена и дрвена врата од една соба.

Пожарот најверојатно сам се изгаснал, а на местото на настанот на подот пронајдени биле три пластични шишиња, а во едно од нив имало мала количина на течност која мирисала на гориво – бензин. Сопственикот се сомневал дека пожарот бил подметнат, наводно од страна на неговиот внук Б.А. бидејќи истиот во неколку наврати преноќевал во куќата, а двајцата имале меѓусебен спор околу нивниот имот.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Слични содржини