Пожар во кумановскиот суд во просториите каде се чува архивата

од Nikola Popovski
390 прегледи

Синоќа дошло до пожар во Куманово, при што изгореле подрумските простории во зградата на Основниот суд, каде што се чувала архивата.

Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила.

„ТППЕ Куманово бележи интервенција во текот на ноќта на опожарени простории на зградата на Основен Суд Куманово во 01,35 часот. Пожарот е локализиран, екипата е се уште е на терен“, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

Нема повредени лица при пожарот.

Слични содржини