Регистрирани се 60 нови лабораториски позитивни случаи на SARS-CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 312.807 – Оздравени се 63 пациенти – две починати лица.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, МЗ информира дека во последните 24 часа од направени 842 тестови, регистрирани се 60 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 52, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Гевгелија и Ресен – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (60), регистрирани се 16 реинфекции.
Регистрирани сe 63 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице, а согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (56г) и Охрид (73г).
Досега во земјата вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 312.807, бројот на оздравени пациенти е 303.128, на починати е 9.320. Бројот на активни случаи изнесува 359.