Познат актер призна: „Снимањето секс сцени со Џенифер Анистон беше мачење“

од Stefanija Kuzmanovska

На Џејк Гиленхал многумина му завидуваа што снимаше интимни сцени со убавата Џенифер Анистон за потребите на филмот „The Good Girl“, но сега во гостување кај Хауард Стерн откри дека тоа не било најдобро искуство.

Актерот признал дека бил вљубен во актерката и дека тоа било дополнителна отежнувачка околност при снимањето на секс сцените.

„Тоа беше мачење, но всушност и не беше мачење. Беше комбинација од тоа“, открил тој и објасни зошто снимањето на љубовните сцени е чудно.

„Педесет луѓе те гледаат. Тоа не ме возбудува“, продолжи тој, а потоа додал дека пронашол решение за неговите „маки“.

Имено, Анистон предложила да користат перница за време на вежбање на сцените за да им биде поудобно.

„Беше многу убаво од неа што го предложи тоа пред снимањето“, се сеќава актерот.

Слични содржини