Познат актер се појави на забава на „Вог“ облечен во црно од глава до пети…буквално

од Vladimir Zorba

Синоќа се одржа Светското шоу на „Вог“ по повод лондонската модна недела, а многу познати фаци се појавија во екстравагантни изданија.

Сепак, еден славен лик го украде шоуто кога се појави на афтер-забавата облечен во црно од глава до пети, обидувајќи се да го скрие својот идентитет со црна капа и црна маска за лице.

Лео ди Каприо

Лео ди Каприо

Се испостави дека станува збор за Леонардо ди Каприо кој од непознати причини се обидел да го скрие својот идентитет на забавата.

Да потсетиме, 48-годишниот актер неодамна беше виден во ноќен клуб на Ибица како страсно се бакнува со 25-годишната италијанска манекенка Виторија Черети, а познато е дека сите девојки со кои се поврзувал беа помлади од 25 години.

Слични содржини