Познат музеј ја отстрани восочната фигура на Канје Вест

од Stefanija Kuzmanovska

Раперот Канје Вест во последните денови е персона нон грата, јавуваат агенциите на кои се повикува „Хина“. Музејот „Мадам Тусо“ решил да ја отстрани неговата восочна фигура од изложбата и ја префрлил во архивата, а речиси во исто време двајца раководители на компанијата Skechers го „испратиле“ од корпоративните канцеларии во Лос Анџелес бидејќи таму се појавил непоканет.

Вест во последните недели се најде на насловните страници поради расистички и антисемитски изјави кои го чинеа профитабилни соработки со неколку големи модни компании.

Портпаролката на музејот „Мадам Тусо“ во Лондон им изјави на новинарите дека „фигурата на Вест е отстранета и преместена во архива“. Таа додаде дека „фигурата на секоја славна личност го заслужува своето место во музејот“, но исто така истакна дека „ги слушаат желбите на своите посетители и на јавноста за тоа која од познатите личности сакаат да ја видат таму“.

Фигурата првично беше претставена во музејот во 2015 година и се наоѓа покрај восочната фигура на тогашната сопруга на Вест, Ким Кардашијан.

Слични содржини