Познат спортски пар пронајден мртов под урнатините од земјотресот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Од Турција не престануваат тажните вест – под урнатините по разорниот земјотрес во Турција пронајдени се телата на одбојкарската брачна двојка Бетул Чобан Чакир и Бедретин Чакир.

„Нашата болка е голема… Со длабока тага дознавме за заминувањето на Бетул Чобан Чакир, која потекнуваше од нашиот тим и со години на најдобар начин го претставуваше нашиот клуб, и нејзиниот сопруг Бедретин Чакир, исто така одбојкар. Им посакуваме Божја милост на нашата спортистка и нејзиниот сопруг, рајот нека биде ваше место“, стои во соопштението на клубот „MerinosVolleyball“.

Бетул имала 27 години и настапувала за тимот на Меринос, а нејзиниот сопруг, кој бил две години постар, исто така бил одбојкар, кој настапувал во Халкбанк, јавуваат турските медиуми.

Слични содржини