Позната холивудска актерка откри што се крие зад жешките сцени со Леонардо ди Каприо

од Stefanija Kuzmanovska

Маргот Роби сними серија експлицитни сцени со Леонардо ди Каприо во филмот „Волкот од Волстрит“.

Заносната русокоса рече дека не ѝ било пријатно додека ги снимала жешките сцени со колегата кој е миленик на жените ширум светот.

Во една прилика рекла дека ѝ требал алкохол за да изгледа самоуверено. Според нејзините зборови, испила неколку чашки текила за да ја намали нервозата.

Таа за „Vainty Fair“ изјави дека во филмот „Волкот од Вол Стрит“, каде што ја толкува сопругата на Ди Каприо, за прв пат снимила секс сцена од почеток до крај.

Филмот за брокерот Белфорт е снимен во 2013 година и е многу популарен и денес. Маргот тогаш имала само 22 години и беше на почетокот на кариерата, а потоа оствари голем број успешни улоги.

Многумина ја сметаат за најубава жена во Холивуд, а моментално снима филм за најпознатата кукла на светот – „Барби“.

Слични содржини