Позната српска водителка пронајдена мртва во својот стан

од Vladimir Zorba
626 прегледи

Безживотното тело на Б.Ј. (1977) било пронајдено синоќа околу 19 часот во стан на улицата Ѓуре Даничиќа, во Стариот град, неофицијално дознава Нова.рс.

Обвинителот наредил телото да биде испратено во Институтот за судска медицина.

Тамошните медиуми пишуваат дека водителка е Бојана Јанковиќ, поранешна сопруга на Огњен Јанковиќ, член на Beogradski Sindikat.

Бојана Јанковиќ се прослави како водителка на популарната емисија „Сити“ на ТВ Пинк.

„Семејството потврдува дека Бојана ненадејно почина денеска и иако разбираат дека таа е интересна личност за медиумите, ги повикуваат сите медиуми да се однесуваат според нивната етика, да ја почитуваат својата колешка и да ги остават семејството и Ивана (сестра близначка) да ги поминат во мир овие тешки моменти“, рекло семејството, пренесува РТС.

Слични содржини