Познато е кога ќе се гласа во Собрание за реконструкција на Владата

од Nikola Popovski
175 прегледи

Во понеделник 13-ти февруари во 15 часот ќе започне седницата за гласање на реконструкција за Владата, е објавено на сајтот на Парламентот. Тоа значи дека претседателот на Собранието, Талат Џафери веќе ја закажал 104-тата седница.

Како точки на дневен ред на закажаната седница се предлогот за разрешување на членови на Владата на Република Северна Македонија, предлогот за избор на членови на Владата на Република Северна Македонија, предлогот за разрешување на заменици на министри и предлогот за именување на заменици на министри.

Според ова, актуелните министри и замениците се уште не поднеле оставки од своите функции.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со следните кадровските решенија:

За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е г-дин Кренар Лога.

За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е г-дин Фатмир Меџити.

За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е г-дин Азир Алиу.

За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е г-ѓа Каја Шукова.

За заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, предложен е г-дин Тирон Јајага.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда, предложена е г-ѓа Викторија Аврамовска-Мадиќ.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е г-ѓа Вјолца Бериша.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство, предложена е г-ѓа Маја Манолева.

За заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, предложен е г-дин Агим Нихиу.

Слични содржини