Познато кој ќе спори во плеј-офот на Лигата на конференциите

од Vladimir Zorba

Денеска беа извлечени паровите за плеј-офот од Конференциската лига, кои ќе ги одредат последните осум учесници во 1/8-финалето на турнирот. Во оваа фаза веќе се пласираа ЛАСК, Гент, Рома, АЗ Алкмар, Феенорд, ФК Копенхаген, Рен и Базел, освојувајќи ги своите групи. Второпласираните, како и третопласираните од групите во Лига Европа ќе ги одредат преостанатите 8 осминафиналисти.

Вторите екипи во групите на Конференциската лига беа носители, а оние кои учествуваа и во турнирот Лига Европа, не се.

Под знак прашалник е одложениот меч меѓу Тотенхем и Рен. На Спарс им беше потребна задолжителна победа за да продолжат понатаму, но не излегоа поради многуте играчи заразени со коронавирус. УЕФА и официјално го откажа натпреварот и најави дека конечниот резултат од овој меч ќе биде утврден на состанок на Контролната, етичката и дисциплинската комисија.

Ждрепката не можеше да ги „спои“ екипите од иста земја. Домаќини на реваншот ќе бидат екипите носители. Натпреварите ќе се играат на 17 и 24 февруари.

Ждрепката за осминафиналето ќе биде извлечена на 25 февруари. Финалето на турнирот ќе биде на 25 мај во Тирана.

Ждрепка:

Марсеј – Карабах

ПСВ Ајндховен – Макаби Тел Авив

Фенербахче – Славија Прага

Митјиланд – ПАОК

Лестер – Рандерс

Селтик – Бодо / Глимт

Спарта Прага – Партизан

Рапид Виена – Тотенхем или Витесе

Слични содржини