Познато која ќе биде првата работа на Меган Маркл по Мегзит

Меган Маркл веќе прави планови за својот прв „настап“ по Мегзит, пишува Daily Mail.

Меган, според пишувањата на Page Six, неколку пати ќе се појави во канадското реално шоу „I Do, Redo“.

Ова шоу е за парови кои планираат втора венчавка откако катастрофи им ја уништиле првата церемонија.

Реалното шоу, кое ќе биде емитувано на Нетфликс, го води стилистката за венчавки од Торонто, Џесика Мулрон, инаку блиска пријателка на Меган Маркл.

Како што пишуваат таблоидите, гостувањето на канадската телевизија се плаќа 588 долари дневно, но засега не е познато дали и Меган ќе биде платена.

Реалното шоу се состои од 10 епизоди и се зборува за катастрофите кои паровите ги доживеале за време на нивната прва венчавка, пред да им се остварат соништата.

И Меган Маркл два пати се мажеча, а се разведе од првиот сопруг пред да се венча со Хари.

Слични содржини