Познато зошто Погба се повлекол од договорот со Сити

од Vladimir Zorba

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба бил во преговори со градскиот ривал Манчестер Сити. Според „Тајмс“, францускиот репрезентативец дури ги договорил своите лични услови со „граѓаните“. После тоа, сепак, играчот од средниот ред се предомислил и решил да ја одбие понудата бидејќи не сакал да ги сврти навивачите на Јунајтед против себе.

Пред две недели, Погба конечно го одбил Манчестер Сити и им кажал на шефовите на клубот дека кариерата ќе ја продолжи надвор од Англија.

Како што е познато, договорот на Французинот истекува на крајот од сезоната и тој ќе стане слободен играч. Фаворит за неговиот потпис е Јувентус каде Погба ги одигра најсилните натпревари. Раководството на „бјанконерите“ е свесно дека Пари Сен Жермен на 29-годишниот играч за врска му нуди повеќе пари, но неговата желба е да се врати во Торино.

Пред неколку дена претставници на Погба биле во Торино на разговори со газдите на Јувентус. Двете страни повторно ќе се сретнат следната недела.

Оваа сезона играчот од средниот ред постојано го прогонуваа повреди и запиша само 20 натпревари и 1 гол во Премиер лигата.

Слични содржини