Во последните години самолекувањето или лекувањето со алтернативни и природни методи стана нешто повеќе од мода. Од една страна е важно да не претеруваме со лековите, бидејќи тие имаат свои несакани ефекти и ако не се прифатени правилно имаат ретроактивно дејство.
Од друга страна, сепак, откажувањето од прием на лекови и лекување целосно со алтернативни методи крие огромни ризици од продлабочување на здравствените проблеми и сите негативни последици од нив.
Не само самолекувањето би можело да се претвори во проблем. Некои божем здравствени практики кои сме ги слушнале од уста на уста и кои ги применуваме без сомнение во корисноста, можат да ни наштетат и тоа многу.
Со кои практики кои се сметаат за корисни, треба да внимаваме?
Земањето на витамини
Многу луѓе сметаат дека земањето на витамини ќе ја замени нездравата исхрана и ќе се подобри здравствената состојба, пополнувајќи “дупки” во хранливите материи што недостасуваат. Така луѓето стануваат склони да го надминуваат дозволениот прием на витамини, загрозувајќи го здравјето.
Витамините не се безопасни. Некои од нив во високи дози можат да предизвикаат кардиоваскуларни, хепатални или бубрежни проблеми – и се загрозувачки состојби за животот.

Рицинусово масло
Некои жени земаат рицинусово масло, бидејќи тие слушнале дека тоа им помага за забрзување раѓањето. Неговите бенефиции поврзани со ослободување на запек се факт, но тоа масло на никаков начин не може да предизвика забрзување на раѓањето и примањето за време на бременост има сомнителни бенефиции.
Вагинални тушеви
Некои жени си прават вагинални тушеви после секс, бидејќи сметаат дека така ќе спречат бременост. Други го прават на крајот на менструалниот циклус, за да ги исплакнат остатоците од крварењето. Трети мислат дека така ќе се заштитат од инфекции и болести.
Која и да е причината да правите дамски туш – престанете! Тоа е штетна практика во сите опции, која може да ја влоши состојбата и воопшто нема да помогне во ниту еден од трите случаи.
Млеко
Мајчиното млеко е сметано за највредната храна која бебето треба да ја добие во првите месеци од животот. Нејзините широки здравствени придобивки се апсолутен и научно втемелеен факт кој не може да биде оспорен.
Проблематичното тука е дека многу луѓе го користат наместо лек, нанесувајќи го на кожата со цел олеснување на рани, гребнатинки, изгореници и други кожни проблеми. Преку мајчиното млеко можат да се пренесат патогени микроорганизми од телото на мајката во телото на третираниот човек. Да не зборуваме дека ако не се чува правилно, мајчиното млеко може да се насити дополнително со опасни микроорганизми.
Кујнски лекови против рани и изгореници
Смирување на кожните проблеми со производи од кујната е често користен метод. Не сите производи сепак се безопасни. Примената на жолчка и белка врз горење или иритација е опасно, бидејќи во суровите јајца може да се содржат бактерии, да не зборуваме за салмонела.
Авокадото исто така често се применува врз кожата, а го миете ли доволно добро пред тоа?