Тројца муслимански ученици кои сакаа да разговараат со претставник на државата Оклахома за Исламот мораа прво да пополнат прашалник во кој имало и прашање „Дали тепате жени”, изјави шефот на Сојузот за американско-исламски односи Адам Солтани.
– Дали тепате жени?, гласи едно од прашањата во анкетата, која им ја дал асистентот Џон Бенет.
Второто прашање гласело: „Дали се откажувате од терористичката организација Хамас?”.
Прашалникот содржел 17 прашања и студентот по право и двајцата средношколци биле шокирани и навредени од прашањата темелени на дезинформации за религијата.
Тие на крај ја напуштиле канцеларијата на Бенет и не се сретнале со него.
– Никој не треба да се соочува со глупави, исламофобични и прашања полни со омраза. Пред да се сретнеме со својот претставник во власта, го сметавме за одговорен, објави во видео на својот Фејсбук профил Адам Солтани.
Тој додаде дека учениците знаеле за претходните негативни коментари на Бенет за Исламот, но дека сакале да му покажат какви се всушност муслиманите.
– Сметам дека голем број муслимани во нашата држава би сакале да разговараат со него и да му ја претстават својата страна од приказната. Тој можеби никогаш нема да го промени својот став за тоа, но тие само сакаат да разговараат со него, изјави Солтани.
Си-Ен-Ен не успеа да дојде до Бенет, но тој им обезбеди детали од инцидентот.
Тој наведе дека веќе не бил во канцеларијата кога момчињата дошле во посета.
Истакнува дека на асистентот му дал да го подели прашалникот, да закаже состанок и да ги донесат своите верски текстови на дискусија, а дека прашалникот бил составен врз основа на верски книги и текстови од исламските ученици.
На пример, целосното прашање за насилството над жените гласи: „Куранот и Шеријатскиот закон со сите учења налага мажот да ја тепа жената. Дали вие ја тепате вашата жена?”.
Бенет за ова прашање дали образложение: „Според Куранот и Шеријатскиот закон, на жената навистина може физички да и се наштети, ако тоа го оправдуваат околностите, како на пример во случај на непослушност. Тоа секако не значи дека сите муслимани ги тепаат своите жени, само религијата им го дозволува тоа да го прават”.
Како што се наведува, освен тоа, имало прашања како: „Мухамед бил убиец на паганите, христијаните и Евреите, кои не се согласувале со него. Дали ви се согласувате со овој пример?”.
– Ако не биле свесни за тоа за што се залага Исламот, требало да знаат и да истражат, а потоа, кога би биле подобро информирани, да донесат одлука за тоа што сакаат да поддржат, а што не. Ако тие се свесни за што се залагаат исламот, шеријатот, џихадистите и натаму тоа го поддржуваат, тогаш тие се дел од проблемот, наведе Бенет.
Студентите ја посетија канцеларијата на претставникот по повод годишниот настан во кој муслиманите дебатираат со претставниците на властите.